ТЕСТАМЕНТ
Кога ќе умрам, закопајте ме
во гробот
среде широките степи
на убавата Украина
за да ги гледам широките полиња
и Денпар и карпите
— да гo слушам нивниот рик!
Кога таа ќе ја носи крвта на непријателите
од Украина до синото море,
ќе се кренам јас тогаш од полето.
Сѐ ќе оставам и до самиот Бог
ќе стигнам
за да може да се моли . . . но пред тоа да се случи
не знам јас за Бог.
Закопувај и воскреснувај,
крши ги своите окови
и наводнувај ја слободата своја
со злата крв на непријателот.
И не заборавај да се напиеш за мојата душа,
сети се на мене како изговарам љубезен тивок збор
во големото семејство,
во новото слободно семејство.
Taras Shevchenko, Ukraine 1814–1861
Тарас Шевченко, Украина 1814–1861
Translated by Daria Mishueva – Stanley Barkan – DanielaAndonovska-Trajkovska
Превод: Дарија Мишуева, Стенли Баркан, Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 722
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 33 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.