Гордана Стојаноска
ОТВОРАЊЕ
(извадок)
Нека биде сè отворено!
За да се вознесам себеси на ветрометината
и на невидливите крилја на нејзините диви жители,
за да го запишам писокот
и така запишан да го испратам.
Да те бара. Да те најде.
И да те донесе на истото место и во истиот миг
кога последен пат те видов
и те почувствував како мало бранче,
како галеж кој ги набабрува вените,
како милувка која го допира ритамот на срцето
и го вознемирува… за да прескокне…
Небаре е ждребе кое се штрекнува во галопот
и подзастанува,
го занесува некоја ѕвезда, толку убава,
што ја гледа и гледа,
заборавајќи и на смртта
која облечена во волчји заби и волчји канџи,
го демне…
Уметничката слика е од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.