Весна Мундишевска-Велјановска
НА УКА
За време на животот
постојано нешто немаме,
во смртта достатно е сè,
по нечија смрт сочувствено мудруваме,
но набрзо се забораваме
и си продолжуваме
беспотребно да се трошиме
иии
уште игнорирајќи сè
на животот в лице му се смееме…
Со нас во круг се врти и прашањето:
Ќе научиме ли
да живееме?
Уметничката слика е од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.