Автор на сликата: Димитар Солаковски
ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА
Тишината никогаш
не е еднолична, иста.
Да го чуете гласот
на тишината чиста,
Тоа е Божји подарок,
благословен дар,
а за најмудрите
само чист ќар.
Благословена тишина
Душа – мирна,
чиста природа
Душа – ширна.
За да се слушне тишината –
чистата натура,
Потребна е квалитетна
човечка апаратура.
Потребен е бистар ум
и смирена, чиста душа,
За да може квалитетно,
тишината да се слуша.
Ако умот немирен,
душата в проблеми
ја втурне,
Убавината на тишината,
може лесно
да се урне.
Смирен ум
и
чиста душа,
ако имате,
Ќе можете
прекрасната
Тишина
да ја поимате.
Настојувајте само
добрите работи
да ги слушнете,
За да можете Вие
тишината со срце
да ја гушнете.
Златко Жоглев