Автор на сликата: Димитар Солаковски
СОН
Диши
Длабоко диши
Отвори го
Катинарот на сонот
Диши
длабоко диши
Допри ја душата на сонот
Диши
Длабоко диши
Летај во сонот
Прескокнувај огради
Разградувај плетови
Диши
Длабоко диши
Нешто таму
Ќе остане во сонот
Разварди се
Низ тунелот
Се гледа искрата
Искината мисла
Те поткрева од постелата
Веќе е ден
Милица Д. Радевска