ЖЕНА
ендемски вид сум,
а законот не ме заштитува.
ме ловат за спорт
без кучиња и коњи,
без лепче и јадици,
со камшици и клади.
зауздајте си ги сопрузите, жени!
мажот е пуштен од синџирот.
џивџи навистина го виде мацолот,
затоа не го напушта кафезот,
затоа што само таму е нејзината слобода.
(Пренџова, Е. (2014). Жена. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, К. Неделковски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 10, стр. 94)