УЧЕЊЕТО ЗА ТЕЛОТО
Телото е мост преку вечната река
или попрво корито
низ кое таа река тече
оти со нашето тело
се поврзуваме со нашите предци
со таа црвена река
со тоа црвено море
а нашите деца со нас
пак преку тело се поврзуваат
тие души што дошле
од љубов да живеат
љубовта да ја доживеат
преку тело неа да ја сетат
и како светилници да светат
(Спасовска, С. В. (2014). Учењето за телото. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, К. Неделковски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 11, стр. 74)