Maи Ван Фан (Mai Văn Phấn) е виетнамски поет роден во 1955 во Нин Бин (Ninh Bình), на делтата на Црвената Река во Северен Виетнам. Живее и пишува поезија во Хај Фонг (Hải Phòng). Има добиено неколку национални книжевни награди, а има објавено 24 книги поезија, една книга со критики и есеи и 10 книги кои се објавени во странство. Поезијата на Мај Ван Фан е преведена на 22 јазици.
ОД ДОМОТ НАШ
Ти собираш нешта во зависност од нивните годишни времиња
букет цветови од грејпфрут за на есен
сливи за на пролет
Ние сме пулсот на воздухот, длабок амбис, срцето на земјата
одбираме топли места за да се раскомотиме и да го поставиме нашиот мебел
ненатрупани места каде што ќе можеме да си ги поставиме масите и столиците
Ги оставаме своите грижи на трпезариската маса
со стапчиња за јадење го земаме зеленчукот од полето што е далеку од нас
рибата го закасува мамецот внатре во нашата глинена чинија
Ги љубиме стапалките близу оризовите прачки
длабоките извори, потоците и реките, малите езерца и мочуриштата
Не седи во собата предолго
излези надвор во полето, надвор на речниот брег
каде лисјата растат зелени и рибите се мрешкаат
Закасај свеж ананас или сладок портокал
и нека капне сокот на црната земја.
ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ НА МАКЕДОНСКИ: ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА/ TRANSLATION FROM ENGLISH INTO MACEDONIAN: DANIELA ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA).