КАТАРИНА САРИЌ, ЦРНА ГОРА (KATARINA SARIĆ, MONTENEGRO): ЗАПУРНИНА
ЗАПУРНИНА Овие доцни запурничави августовски пладниња и влажната постелнина на која паѓаат косите зраци на сонцето низ полуспуштените ролетни правејќи бразди налик на златна зебра потсетуваат на поспани одоморалишта покрај патот гостилници кои нудат сместување без пријави и такси на спратот со шишиња со вода наредени на балконот покрај земјените саксии. Ме потсетуваат и на…