Излезе од печат Списанието за книжевност, уметност и култура „РАСТ“ бр. 23 во издаваштво на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Списанието го уредува редакција во состав: проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Јончиќ и Милица Димитриојовска Радевска.
И овој пат стандардните рубрики се исполнети со наши познати книжевни имиња. Со поезија се застапени: Радован П. Цветковски, Лидија Димковска, Весна Мундишевска Велјановска, Михајло Свидерски, Снежана Стојчевска, Гордана Стојаноска, Никола Илијовски, Билјана Талевска Димко, Петар Наневски, Кире Неделковски, Марија Младеновска-Димитровска, Љубица Ристевска и Милица Димитријовска Радевска. Петре Димовски, Никола Кочовски, Габриела Стојаноска-Станоеска и Јована Матевска Атанасова се застапени со прозни текстови, а Игор Поп Трајков – со драмски текст. Во рубриката Согледби со литературна критика се застапени: Звонко Танески за поетскиот израз на Ристо Василевски како поговор кон словачкото издание на книгата SRDCE KRUHU, Златко Жоглев за Раде Силјан и Веле Смилевски, Елизабета Јончиќ за „Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски, Зоран Пејковски за едночинката „Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески, Ана Витанова-Рингачева за собирачката дејноста на Иван Котев и Даниела Андоновска-Трајковска за „Хераклеа Линкестис“ од Вања Ангелова. Во сеќавање на Панде Манојлов (2 мај 1948 – 7 ноември 2020) објавени се и извадоци од литературни критики за неговите книжевни дела од Весна Мундишевска-Велјановска, Симона Ристевска, Златко Жоглев, Милица Димитријовска Радевска и Даниела Андоновска-Трајковска.
Освен 27 македонски автори, застапени се 36 странски автори преведени на македонски јазик од 25 земји од светот и тоа: Шпанија, Бугарија, Доминиканска Република, Австрија, Унгарија, Романија, Германија, Кина, Венецуела, Италија, Ерменија, Уругвај, Полска, Никарагва, Јапонија, САД, Коста Рика, Саудиска Арабија, Бутан, Србија, Албанија, Јужна Африка, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Благодарност до авторите, но и до Симонида Филипова Китановска чија слика е на корицата.
Списанието во електронска форма е достапно на вебстраницата на Друштвото на писателите „Битолски книжевен круг“ https://bkk-pisateli.mk/rast-arhiva/ и https://bkk-pisateli.mk/…/11/RAST-23_2021-BKK-%D0%9EVA.pdf