Друштвото на писатели Битолски книжевен круг изгуби плодотворен и доблестен човек.
Сочувство до неговото семејство и пријателите.
ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

Со свои песни и раскази е застапен во неколку избори и антологии во земјата и странство. Најмногу е препејуван на арапски јазик и негови песни на арапски јазик се објавувани во над петнаесет држави од арапскиот свет. Поединечни песни на Панде Манојлов се објавени во повеќе држави и на следните јазици: англиски, француски, руски, турски, германски, романски, италијански, арапски, српски, бугарски, хрватски, бошњачки, грчки, полски, унгарски, башкириски, татарски и други јазици.
Добитник е на повеќе значајни награди од областа на литературата: највисокото признание на градот Битола – наградата „4-ти Ноември“, наградата за најдобра поетска книга за деца и млади „Ванчо Николески“ на ДПМ, наградата за најдобра поетска книга за возрасни за 2019 година „Ацо Шопов“ на ДПМ, истоимената награда „Ванчо Николески“ за поетска книга за деца и млади – Битола, награда за песна на литературната манифестација на ДПМ „Празникот на липите“, награди за раскази на весниците „Студентски збор“ и „Нова Македонија“, втора награда за сатирична песна на Фестивалот „Ин Виница веритас“, наградата „Струшко изгрејсонце“ за најдобра книга за деца и млади во 2012 година, наградата „Последните селани“ (2015) на издавачот „Феникс“, Медал „Мажит Гафури“ за најубава песна од странски автор (Уфа, Башкортостан, Руска Федерација), Признание за заслуги на Државата Палестина (2017) и други.