Биљана Т. Димко (1990, Бистрица , Битола), творењето, односно книжевноста ја заведува уште многу мала и таа целосно ѝ се предава, особено на поезијата. Дипломира на УКЛО, Македонски јазик и книжевност со темата : „Човекот како преокупација во прозата на Владимир Костов“ (дело во подготовка за печат).
Нејзини објавени дела се:
„Кругови на животот“ (2003) рецензент: Љупчо Толевски
„Сцена зад кулисите“ (2007) рецензент: Милица Д. Радевска
„Дами и господа гологлави“ (2012) рецензент: проф. д-р. Владимир Костов
„Поштомување“ (2018) рецензенти: Радован П. Цветковски и м-р Симона Петровска
Активна е во новинарсвото, автор е на радиски и телевизиски емисии(Уметничко гето, Истражи и и дознај, Кирилица) што покриваат теми за младите. Културата, културните споменици на градот Битола .
Нејзините куси раскази и поезија се преведени на српски, англиски, германски и франциуски јазик.