Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола, Македонија) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и уметничка академија со седиште во…

Петре Димовски е роден 1946 година во Брод, Битолско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Австралија, потоа како новинар и професор во Битола. Тој е првиот претседател на Битолски книжевен круг, ја раководеше книжевната манифестација „Битолски книжевни паметења“, бил во редакцијата на списанијата „Развиток“ и „Современи дијалози“, и главен и одговорен уредник на…

Милица Димитријовска-Радевска e родена 1967 во с.Вирово, Демир-Хисар. Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, – Скопје,  група македонски јазик. Работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ ,,Таки Даскало,,-Битола. Член е на Друштвото на писатели на Република Македонија и на  Македонското научно друштво од Битола. Радевска има објавено голем број на творби во…

Златко Жоглев (1959, Битола),е доктор по социолошки науки (1996.). Од 2002 година е избран, а во 2007 година е реизбран, за редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола (УКЛО). Бил Ректор на Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола во два мандати (од 1.10.2007 година до 30.09.2011 година и од 1.10.2011 година до…

Никола Илијовски е поет, раскажувач и книжевен критичар. Роден е во Битола, 1991 година. Дипломирал и магистрирал на правниот факултет во Битола. Автор е на книгите поезија: „Пламен на вечноста“ (2011), „Далечна илузија“ (2013), „Carpe diem“ (2014) „Врати во времето“ (2015), „Градина од забранети овошки“ (2020) и „Билет за еден смешен свет“ – поезија за…

Елизабета Јончиќ е родена  во Прилеп 1976 год. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма  Македонски јазик и книжевност. Автор е на  книгите поезија „Гола кожа и одблесок“, „Лулки од стремеж“, „Неука филозофија“, „ Вода, плот и оган“ , и книгата книжевна критика „Книжевен зборопис“. Пишува проза и драмски…

Никола Кочовски   Роден во Битола, 1933 година. Завршил Филозофски факултет – книжевност. Работел како професор. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, бил уредник на неговото гласило „Стожер“, и на битолски „Развиток“. Неговите романи и раскази се одликуваат со акцент на психолошкото. Пишува за современиот живот, нашето минато, печалбарството… Објавувал во речиси целата…

Владимир Костов е роден во Битола 1932 год. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање. Бил еден од основачите како и главен уредник на списанието…

Весна Мундишевска-Велјановска е родена 1973 год. во Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Битолскиот книжевен круг. Автор е на 13 книги поезија, 2 книги со критичко-есеистички текстови и коавтор на книга со песни за деца, а автор и коавтор е и на 6 стручни…