Петре Димовски е роден 1946 година во Брод, Битолско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Австралија, потоа како новинар и професор во Битола. Тој е првиот претседател на Битолски книжевен круг, ја раководеше книжевната манифестација „Битолски книжевни паметења“, бил во редакцијата на списанијата „Развиток“ и „Современи дијалози“, и главен и одговорен уредник на „Осигуреник“, „Раст“ и на книжевната ревија на ДПМ „Стожер“. Автор е на преку 40 дела.
Добитник е на високи награди и признанија, меѓу кои: на „Студентски збор“, „Нова Македонија“, „Фестивалот на монодрамата“, „Битолски весник“, „Орбис“, КММ, „4 Ноември“, „БИД Мисирков“, „Тренд“, „Ванчо Николески“, „Стале Попов“, „Живко Чинго“, „Крсте Чачански“, „Вермилион“, „Прозни мајстори“, БКК и др. Негови книги се преведени на англиски и бугарски јазик, и одделни текстови на англиски, албански, бугарски, босански, германски, романски, руски, српски, турски, украински и хрватски јазик. Застапуван е во избори и антологии.