Елизабета Јончиќ е родена во Прилеп 1976 год. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма Македонски јазик и книжевност.
Автор е на книгите поезија „Гола кожа и одблесок“, „Лулки од стремеж“, „Неука филозофија“, „ Вода, плот и оган“ , и книгата книжевна критика „Книжевен зборопис“. Пишува проза и драмски пиеси за деца и возрасни. Има објавено повеќе стручни трудови од областа на книжевната критика.
Основач и претседател е на Културно иновативен клуб Новаци. Член е на Друштво на писатели Битолски книжевен круг, а од 2018 и негов претседател. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 2013 год, и Македонското научно друштво – Битола 2020 год.