Панде Манојлов, поет, прозаист, критичар и новинар, роден е на 2 мај 1948 година во селото Породин, Битолско. Гимназиското средно образование го завршил во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Студирал правни науки во Загреб (Хрватска) и Скопје каде што и дипломирал. Во македонската литература се појавува 1967 година, објавувајќи свои песни во тогашните весници…

Кире Неделковски е роден на 28.09.1954 година во Битола. Поезија објавува од 1972 година. Заврши Педагошка академија, група македонски јазик. Од 1981 година беше повеќе пати уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и „Раст“. Беше секретар за меѓународна соработка во ДПМ, а со формирањето на „Битолскиот книжевен круг“ беше негов секретар. Од 1994 до 2007 година…

Зоран Пејковски е редовен академик и почесен амбасадор на мирот, а досега низ пројавите во македонската литература докажано е дека е единствениот натуралист во македонската литература. Значи, она што Емил Зола, Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник се за француската литература, Антон Павлович – Чехов, како творец на лирската драма, за руската литература, Хенрик Ибзен…

Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Магистрирала и докторирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година. Работи како вонреден професор на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ -…

Мирјана Стојановска е професор по македонски јазик, поетеса, книжевен критичар и есеист. Родена е во Битола, во 1971 година. Дипломира на Филолошкиот Факултет „Блаже Конски“ во Скопје, на групата јужнословенски книжевности и македонски јазик. Магистрира на Педагошкиот Факултет во Битола. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 2007 година. Беше прв претседател…

Биљана Т. Димко (1990, Бистрица , Битола), творењето, односно книжевноста ја заведува уште многу мала и таа целосно ѝ се предава, особено на поезијата. Дипломира на УКЛО, Македонски јазик и книжевност со темата : „Човекот како преокупација  во прозата на Владимир Костов“  (дело во подготовка за печат). Нејзини објавени дела се: „Кругови на животот“ (2003)…

Радован П. Цветковски – роден на 3 септември 1931 година во село Сопотница, Демирхисарско. Тој е поет, раскажувач, литературен критичар, писател за деца и млади, и фолклорист. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија. исто така, бил член…