ОГАН
Огнот ќе ни се одмазди
откако ќе ја пеплоса земјата
ќе стане скротен тигар затворен во кафез
за да ја запали полураспаднатата колипка,
осамената свеќа,
за да испече леб во железната тава
поставена на два камења
првата повторно употребена надворешна печка
љубовна ткаенина натопена од пот
се суши на жицата за алишта
Огнот ќе ни се одмазди
откако ќе ја пеплоса земјата
за да стане спасител
стар митолошки светец
прикажан на иконите
неподвижна карпа што стои како статуа
зачувана во бескрајноста на времето.
Манолис, Грција (1947)
Manolis, Greece (1947)
Translation by the author & Germain Droogenbroodt
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
ITHACA 708
POINT Editions
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.