Автор на сликата: Љубица Мешкова Солак
Спојувањето на уметностите е создавање дела со трајна вредност. Целината што ја обединуваат претставува ново естетско чувство, нова убавина.
Поетите од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Милица Димитријовска Радевска, Зоран Пејковски, Гордана Стојановска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета Јончиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Никола Илијовски, Михајло Свидерски, и ликовните уметници Љубица Мешкова-Солак, Александар Тасески-Џинго, Димитар Солаковски и Драган Најденовски, кои живеат и создаваат во Битола, заеднички со лична творечка впечатливост и соработка ја споделувааат таа убавина во чест на Светскиот ден на поезијата.
„Тој што споделува тага ќе ја преполови,
тој што споделува радост ќе ја удвои.“
Шведска народна поговорка