Мирјана Стојановска
ПИНГ-ПОНГ
Пинг-понг
ми тропка топчето
во мојот желудник,
Пинг-понг
како плунка
ми кружи во устата,
Пинг-понг
ми се тркала на стомакот,
Пинг-понг,
ми враќа телевизорот,
Пинг-понг
си разменуваме удари
со мојот пријател,
Пинг-понг
кружат со надочниците.
Првпат,
вторпат,
Третпат.
Продадено.
Изгубено.
Мене в рака
ми остана топчето
Јин-Јанг,
пинг-понг,
едно за мене,
едно за тебе,
за мене пинг,
за тебе понг.
Пинг-понг,
пинг-понг.
Уметничката слика е од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.