Едно старо семе од лотус и една „Ге Килн“ порцеланска тегла —
УВЕРТИРА
Една стара идеја, како старо семе од лотус
скриено во земјата илјадници години
Одеднаш, но сепак нежно се буди од студена протечна вода
и никнува една срамежлива нежна пупка
Ох, низ перипетиите на земјата
се чиниш толку позната, а сепак толку непозната
Во мигот кога паднатите лисја и цветови заминуваат со ветрот
доаѓа нов поглед на животот што плови по течението
Истото лице и истиот изглед
ништо не е променето од пред илјадници години
Тоа што е обвиткано во модерна облека
е сѐ уште неразвиениот скелет на телото
Во пупките и меѓу стебленцата и листовите
капките роса сјаат како во тие денови
Толпата се рои и брза во ветерот
и во дождот растенијата ги затресуваат своите глави и мавтаат
Се променило ли нешто во светот? Дали сите живи суштества на небото и на земјата сѐ уште ги следат старите патишта?
Џао Лионг, Кина
Zhao Lihong, China
Превод на англиски: Џу Венбијао и Стенли Баркан
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation Zhou Wenbiao – Stanley Barkan
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
ITHACA 731
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.