Елизабета Јончиќ
РАЗГАЛЕНО
Го разгалив копнежот,
моето вдахновение жестоко ме осуди
зошто го мачам зборот, a мислата познава страст…
Светлино моја,
сиромашен е секој епитет
кој во оскудност сакам
подарок на азурни бисери да го дадам.
Содејствувај со копнежот мој!
Пребликнува перуника
за зрачок насмевка и надеж
ко рана утрина пред изгрејсонце.
Духот говорител на љубовта платонска
како да замешал таму кај што не треба.
Биди ми светлина чиста ангелска!
Води ме напред во овој убав ден.
Уметничката слика е од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак.
Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.