
Милица Димитријовска-Радевска e родена 1967 во с.Вирово, Демир-Хисар. Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, – Скопје, група македонски јазик. Работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ ,,Таки Даскало,,-Битола. Член е на Друштвото на писатели на Република Македонија и на Македонското научно друштво од Битола. Радевска има објавено голем број на творби во литературни списанија, билтени, алманаси како во ,,Современост‘‘ , „Современи дијалози“, „Стoжер “, „Раст“, „Синтези“, „Акт“, „Книжевни елементи“, „Прилози“, „Зенит“, „Ријеч“, Брчко, Босна и Херцеговина, ревијата ,,Бранување“, списанието за литература и култура „Хелис“ од Романија и др. Трудови од областа на воспитно-педагошка дејност има објавувано во: „Воспитни крстопати“, „Образовни рефлексии“, „Литературен збор“, „Просветно дело“.
Автор е на стихозбирките ,,Обидници‘‘ (Книжевна младина на Македонија, Скопје 1988 г.) „Лечебница“ ( Развиток -Битола 2000 г. ), ,,Поетски дијалог“ во коавторство со Весна Мундишевска –Велјановска (Матица, Скопје, 2010) „Воздишки на ветрот“,(Матица, Скопје, 2013), „Лузни на зборот“,(Битолскиот книжевен круг, Битола, 2016), „Сам во пределите на сонот“,(Матица, Скопје, 2019) како и наставното помагало ,,Јазикот и графиката“, во коавторство со Мундишевска.
Учествувала на повеќе книжевни манифестации и научни средби од областа на литературата и воспитно-педагошката дејност. Нејзината поезија е преведена на српски, англиски, романски јазик. Свои критички огледи, записи, рецензии напишала за повеќе современи македонски автори- Радован П. Цветковски, Раде Силјан, Веле Смилевски, Панде Манојлов, Владимир Костов, Весна Мундишевска-Велјановска, Весна Мојсова-Чепишевска, Борче Панов, Лидија Димковска, Даниела Андоновска Трајковска, Кире Неделковски, Петко Шипинкаровски и други.