
Радован П. Цветковски – роден на 3 септември 1931 година во село Сопотница, Демирхисарско.
Тој е поет, раскажувач, литературен критичар, писател за деца и млади, и фолклорист. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија. исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе – кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.