
Панде Манојлов, поет, прозаист, критичар и новинар, роден е на 2 мај 1948 година во селото Породин, Битолско. Гимназиското средно образование го завршил во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Студирал правни науки во Загреб (Хрватска) и Скопје каде што и дипломирал. Во македонската литература се појавува 1967 година, објавувајќи свои песни во тогашните весници „Студентски збор“, „Млад борец“, „Нова Македонија“, „Трудбеник“, како и во битолското списание за литература, култура и општествени прашања „Развиток“. Подоцна, свои песни објавува во речиси сите литературни списанија во тогашна Република Македонија, но и во списанија во другите републики на некогашна Југославија.
Панде Манојлов е автор на 30 книги:
– „Црвен немир во црвено пламти“, (поезија, 1971),
– „Соѕвездие на болот“, (поезија, 1977),
– „Песни за Тито“, (поезија, 1983),
– „Огнена земја“, заедно со Љубомир Груевски (поезија, 1983),
– „Блажевина“, (поезија, 1988),
– „За Битола, вековите и љубовта“, (поезија, 1989),
– „Срца, булки и снегулки“, (поезија за деца и млади, 1997),
– „Македонски поетски молк“, (поезија, 1997),
– „Обид да се влезе во нулата“, (раскази, 1996),
– „Лет во сонот над Ајфеловата кула“, (поезија печатена напоредно на македонски и француски јазик, 1998),
– „Стап“, (раскази, 2000),
– „Талија на битолската сцена“, (театарски критики, 2003),
– „Песни за Никола и Дамјан“, (поезија за деца и млади, 2003),
– „Љубов и чемер“, (поезија, 2005),
. „Тевекелиски песни“, (поезија, 2008),
– „Битола, љубов моја“, (поезија печатена напоредно на македонски и англиски јазик, 2009),
– „Месечина со превез“, (поезија, 2011),
– „Сонувај добрина“, (поезија за деца и млади, 2012),
– „Последната корида на душата“, (раскази, 2014),
– „Ветровито време“ (поезија, 2015),
– „До Учителот – низ сито и решето“, (биографија или сведоштва од патешествијата на мултиинструменталистот Вангел Мачковски, 2015),
– „Далечен сон“, (поезија, 2016),
– „Сонот на детството“, (раскази за деца и млади, 2017),
– „Глас од душата“, (поезија, 2018),
– „Прегрни го светот“, (поезија за деца и млади, 2018),
– „Мајчин јазик“ – „La langue maternelle“ издание на Ėditions Institut Culturel de Solenzara , Paris, France (поезија напоредно на македонски и француски јазик, 2018),
– „Копнеж по времето“, (поезија, 2018),
– „Песни за Палестина“, (поезија, 2019),
– „Јужни песни“, (поезија, 2019) и
– „Егзотичен ветер“, (поезија, 2020).
Со свои песни и раскази е застапен во неколку избори и антологии во земјата и странство. Најмногу е препејуван на арапски јазик и негови песни на арапски јазик се објавувани во над петнаесет држави од арапскиот свет.
Поединечни песни на Панде Манојлов се објавени во повеќе држави и на следните јазици: англиски, француски, руски, турски, германски, романски, италијански, арапски, српски, бугарски, хрватски, бошњачки, грчки, полски, унгарски, башкириски, татарски и други јазици.
Добитник е на повеќе значајни награди од областа на литературата: највисокото признание на градот Битола – наградата „4-ти Ноември“, наградата за најдобра поетска книга за деца и млади „Ванчо Николески“ на ДПМ, наградата за најдобра поетска книга за возрасни за 2019 година „Ацо Шопов“ на ДПМ, истоимената награда „Ванчо Николески“ за поетска книга за деца и млади – Битола, награда за песна на литературната манифестација на ДПМ „Празникот на липите“, награди за раскази на весниците „Студентски збор“ и „Нова Македонија“, втора награда за сатирична песна на Фестивалот „Ин Виница веритас“, наградата „Струшко изгрејсонце“ за најдобра книга за деца и млади во 2012 година, наградата „Последните селани“ (2015) на издавачот „Феникс“, Медал „Мажит Гафури“ за најубава песна од странски автор (Уфа, Башкортостан, Руска Федерација), Признание за заслуги на Државата Палестина (2017) и други.
Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1989 година, член на Македонското научно друштво – Битола, член на Друштвото на независни писатели на Бугарија, почесен член на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, Австралија, како и член на Асоцијацијата на писателите од Калифорнија, САД.
Адреса на живеење: Битола, Населба „Карпош“ 3-3/3.
Телефони: 075 315 317.
Емаил: p_manojlov@yahoo.com