
Никола Кочовски
Роден во Битола, 1933 година. Завршил Филозофски факултет – книжевност. Работел како професор. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, бил уредник на неговото гласило „Стожер“, и на битолски „Развиток“. Неговите романи и раскази се одликуваат со акцент на психолошкото. Пишува за современиот живот, нашето минато, печалбарството… Објавувал во речиси целата македонска литературна периодика и пошироко од неа. Пишува и критики.
Наградуван : за романите „Малата Билја“ (специјална награда на „Мисла“) и „Бреме“ („4-ти Ноември“), и редакциски награди за повеќе раскази.