
Мирјана Стојановска е професор по македонски јазик, поетеса, книжевен критичар и есеист.
Родена е во Битола, во 1971 година. Дипломира на Филолошкиот Факултет „Блаже Конски“ во Скопје, на групата јужнословенски книжевности и македонски јазик. Магистрира на Педагошкиот Факултет во Битола.
Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од 2007 година. Беше прв претседател на Клубот на писателки на Р. Македонија „Даница Ручигај“ при ДПМ во периодот од 2014 до 2018 година. Во три мандати, беше член на претседателството на ДПМ.
Автор е на 9 книги поезија: „Хроносот на зборот“(1995), „Двобој со тишината“(2000), „Заѕидана врата“(2017), „Крст, триаголник и круг“(2013), „Оксиморонот на мојата пеперутка“(2014), „Џез во двокреветна соба“(2015), „Бегалци од својот дом“(2017), „Судбината на буквите“(2018) и книгата кратки раскази „Утро во Франкфурт“ (2019).
Приредувач е на 5 книги:„Поетиката во македонската женска поезија“(2014), двојазичниот зборник „Битолска поетска разгледница“(2015), „Поетски пораки за мир“(2017), „Мојата татковина-мој дом“(2016) и Зборникот „Битола во стиховите на младите автори“(2019).
Со песни и книжевни критики е застапена во македонскиимеѓународнисписанија:„Стожер“, „Раст“, „Современост“, „Современи дијaлози“, „Синтези“ и „Сум“, како и на меѓународни списанија: босански „Ријеч“, романското списание „Хелис“, хрватско „Књижевно перо“, на порталите „MKD“ и „Hiperboreja“. Застапена е во едицијата „Современа македонска поезија“(2018, книга бр.92).
Учествува на книжевни манифестации и саеми на книгата во земјата и странство: Трипати е учесник на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ во Охрид, намеѓународната поетска манифестација „Празникот на липите“ во Скопје, на поетските „Рациновите средби“ во Велес, на „Караманови средби“ во Радовиш. Нејзини книги се промовирани на Саемот на книгата во Скопје (2013 и 2017 година) како и на Меѓународниот саем на книгата воБелград (2017), на Меѓународниот саем на книгата во Франкфурт (2018 и 2019 година) и на Меѓународната книжевна манифестација на Корчула, Хрватска (2019).
Добитник е на наградите: ПРВА НАГРАДА за циклус песни на меѓународната книжевна манифестација „Ацо Караманов“-Радовиш, наградата „МЕДИЈАЛА“-Битола, наградата „ПОЕТСКИ БРАН“ -Струга.
Има своја веб страница:
httрs://poetskisintezi.000wephostapp.com
Претседател е на Здружението за наука и култура НОВА од Битола кое 11 години го организира меѓународниотпоетскифестивал„ПОЕТСКИ СИНТЕЗИ“ со што придонесува за афирмација на македонскиот јазик и македонската поезија. Исто така, организира книжевни симпозиуми, промоции и други книжевни маифестации.
Во периодот од 1996 до 2004 година работеше како професионален новинар во „Нова Македонија“, во „Вест“ и како дописник за Австралија. Од 2006 година работи како професор по македонски јазик во основното училиште „Св. Климент Охридски“ – Битола и е ментор на талентирани ученици за поетско пишување.