
Кире Неделковски е роден на 28.09.1954 година во Битола. Поезија објавува од 1972 година. Заврши Педагошка академија, група македонски јазик. Од 1981 година беше повеќе пати уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и „Раст“. Беше секретар за меѓународна соработка во ДПМ, а со формирањето на „Битолскиот книжевен круг“ беше негов секретар. Од 1994 до 2007 година работеше во ИД „Везилка“.
Автор е на стихозбирките:
- Потреси, КММ, 1982;
- Прав, Млад Борец, 1986, анонимен конкурс;
- Слоеви, БИД Мисирков, 1989;
- Душа, Ѓурѓа, 1992, награда Ѓурѓа;
- Некои нешта, БИД Мисирков, 1994;
- Безмерно, Macedonia Prima, 1997;
- Излегување од времето, ИД Развиток, 1999;
- Чуда, двојазичен поетски избор на македонски и аромански, Унија на Власите од Македонија, 2000;
- Откопано вино, двојазичен поетски избор на македонски и француски, Матица македонска, 2000;
- Судбини и соништа, Макавеј, 2004;
- Чест, Дијалог, 2008;
- Потреби, Дијалог, 2010;
- Дигитална димензија на душата, компакт-диск, БКК, 2011;
- Задоволства од зборови, БКК, 2011;
- Моите мостови, БКК, 2012;
- Возбудата е вода, БКК, 2013;
- Залив за задоволства, Матица македонска, 2014;
- Свој свет, Универзитетска библиотека, 2015;
- Живеалиште, двојазичен поетски избор на македонски и француски, 2015;
- Сарај од наслад, Панили, 2016;
- Метафизички мерки, БКК, 2017.
- Долините на душата, Панили, 2018.
- Споделувања, НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, 2019
Преведуван е на англиски, француски, аромански, турски, српски, словенечки и други јазици.
Застапуван е во повеќе избори и антологии.