
Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Магистрирала и докторирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година. Работи како вонреден професор на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, на група социолошки предмети. Автор е на поетските книги: „Збор за зборот“ во коавторство со Златко Жоглев и Даниела Андоновска – Трајковска и „Поема за маргините“ во коавторство со Даниела Андоновска – Трајковска. Автор е на повеќе рецензии на поетски и прозни книги. Добитник е на светската награда NossideXXVIIth World Poetry Prize 2011, Калабрија, Италија, Добитник е на наградата „Владимир Костов“ за краток расказ 2014 (Универзитет „Св. Климент Охридски).
Добитник е и на наградата лауреат „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2017 година која ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, за поемата „Клучевите“.