Даниела Андоновска-Трајковска (3 февруари 1979, Битола, Македонија) е македонска поетеса, прозаистка, книжевна критичарка, доктор на науки по педагогија во областа на методиките и редовен професор по методика на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ), на Славјанската литературна и…
Петре Димовски е роден 1946 година во Брод, Битолско. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Австралија, потоа како новинар и професор во Битола. Тој е првиот претседател на Битолски книжевен круг, ја раководеше книжевната манифестација „Битолски книжевни паметења“, бил во редакцијата на списанијата „Развиток“ и „Современи дијалози“, и…
Милица Димитријовска-Радевска e родена 1967 во с.Вирово, Демир-Хисар. Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески,, – Скопје, група македонски јазик. Работи како професор по македонски јазик и литература во СОУ ,,Таки Даскало,,-Битола. Член е на Друштвото на писатели на Република Македонија и на Македонското научно друштво од Битола. Радевска има објавено…
Златко Жоглев (1959, Битола),е доктор по социолошки науки (1996.). Од 2002 година е избран, а во 2007 година е реизбран, за редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола (УКЛО). Бил Ректор на Универзитетот “Св.Климент Охридски” – Битола во два мандати (од 1.10.2007 година до 30.09.2011 година…
Никола Илијовски е поет, раскажувач и книжевен критичар. Роден е во Битола, 1991 година. Дипломирал и магистрирал на правниот факултет во Битола. Автор е на книгите поезија: „Пламен на вечноста“ (2011), „Далечна илузија“ (2013), „Carpe diem“ (2014) „Врати во времето“ (2015), „Градина од забранети овошки“ (2020) и „Билет за еден…
Елизабета Јончиќ е родена во Прилеп 1976 год. Дипломира на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола на студиска програма Македонски јазик и книжевност. Автор е на книгите поезија „Гола кожа и одблесок“, „Лулки од стремеж“, „Неука филозофија“, „ Вода, плот и оган“ , и книгата книжевна критика „Книжевен…
Никола Кочовски Роден во Битола, 1933 година. Завршил Филозофски факултет – книжевност. Работел како професор. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, бил уредник на неговото гласило „Стожер“, и на битолски „Развиток“. Неговите романи и раскази се одликуваат со акцент на психолошкото. Пишува за современиот живот, нашето минато,…
Владимир Костов е роден во Битола 1932 год. Основното и средното образование ги завршил во родниот град, а дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање. Бил еден од основачите како…
Весна Мундишевска-Велјановска е родена 1973 год. во Битола. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Битолскиот книжевен круг. Автор е на 13 книги поезија, 2 книги со критичко-есеистички текстови и коавтор на книга со песни за деца, а автор и коавтор…
Панде Манојлов, поет, прозаист, критичар и новинар, роден е на 2 мај 1948 година во селото Породин, Битолско. Гимназиското средно образование го завршил во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола. Студирал правни науки во Загреб (Хрватска) и Скопје каде што и дипломирал. Во македонската литература се појавува 1967 година, објавувајќи…
Кире Неделковски е роден на 28.09.1954 година во Битола. Поезија објавува од 1972 година. Заврши Педагошка академија, група македонски јазик. Од 1981 година беше повеќе пати уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и „Раст“. Беше секретар за меѓународна соработка во ДПМ, а со формирањето на „Битолскиот книжевен круг“ беше негов секретар.…
Зоран Пејковски е редовен академик и почесен амбасадор на мирот, а досега низ пројавите во македонската литература докажано е дека е единствениот натуралист во македонската литература. Значи, она што Емил Зола, Ги де Мопасан, Пол Алексис, Анри Сеар, Леон Еник се за француската литература, Антон Павлович – Чехов, како творец на лирската драма,…
Родена на 14.05.1969 година во Битола. Дипломирала на Педагошки факултет – Битола, на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола. Магистрирала и докторирала на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во 2008 година. Работи како вонреден професор на Педагошки факултет – Битола, на…
Мирјана Стојановска е професор по македонски јазик, поетеса, книжевен критичар и есеист. Родена е во Битола, во 1971 година. Дипломира на Филолошкиот Факултет „Блаже Конски“ во Скопје, на групата јужнословенски книжевности и македонски јазик. Магистрира на Педагошкиот Факултет во Битола. Таа е член на Друштвото на писателите на Македонија од…
Биљана Т. Димко (1990, Бистрица , Битола), творењето, односно книжевноста ја заведува уште многу мала и таа целосно ѝ се предава, особено на поезијата. Дипломира на УКЛО, Македонски јазик и книжевност со темата : „Човекот како преокупација во прозата на Владимир Костов“ (дело во подготовка за печат). Нејзини објавени дела…
Радован П. Цветковски – роден на 3 септември 1931 година во село Сопотница, Демирхисарско. Тој е поет, раскажувач, литературен критичар, писател за деца и млади, и фолклорист. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола и на Друштвото на фолклористите…