
Никола Илијовски е поет, раскажувач и книжевен критичар. Роден е во Битола, 1991 година. Дипломирал и магистрирал на правниот факултет во Битола.
Автор е на книгите поезија: „Пламен на вечноста“ (2011), „Далечна илузија“ (2013), „Carpe diem“ (2014) „Врати во времето“ (2015), „Градина од забранети овошки“ (2020) и „Билет за еден смешен свет“ – поезија за деца и млади (2020),
Автор е на книгата раскази „Една друга сегашност“ (2018).
Претседател е на Здружението за книжевен развој НОВ ВАВИЛОН од Битола. Бил уредник на повеќе од 150 книжевни наслови.
Активно објавува свои прилози во домашните книжевни списанија. За своето творештво е носител на неколку книжевни награди. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2014 година.
Работи како адвокат во Битола од 2017 година. Живее во Битола.