Yin Xiaoyuan (Yīn Xiǎoyuán, “殷晓媛”) е авангардна поетеса успешна во повеќе стилови на пишување, меѓу кои и лирика во проза, а исто така и писател со иновативен транс-жанровски пристап, мултингвален автор, основач на Енциклопедиската поетска школа (Encyclopedic Poetry School (est. 2007)), иницијатор за движењето Hermaphroditic Writing Movement и главен дизајнер на Декларацијата на Hermaphroditic Writing.
Електрично поле во убаво време
(76V m-1)
— Една невидлива завеса со монистра е неподвижно обесена на небото, студена како замрзнат дожд или лапавица што ја допира земјата, со тенки конци како на марионета
Во огромната количина свеж воздух над мирната рамна земја, доминантниот слој аеросол е непостојан како јато од медузи.
„Грмотевиците с’скаат, прекинувајќи го атмосферското електрично поле, како црвено мастило кое капе во сино.“
„Што направи Временскиот Фантом?“
Ништо. Твојот брзоеволуирачки лимбички систем ја покажува својата стратегија:
„Стој!“ (бори се или бегај)
Како рибји филети испрпелкани во брашно, само еднаш беше продупчен од светлосни зраци, за време на летањето во висина на твоето ноќно слепило и авиофобија
(95V m-1)
Според научните проучувања, два врвови и две долини се појавуваат во текот на денот,
Во периодот 7-10 часот и 13 и 16 часот…
Што се случува ако две поројни поплави удрат
истовремено на местото каде се спојуваат две големи реки? Тогаш зачудените јата харинги ќе се претворат во ѕвечкави парчиња метал
Еден човек кој ја зацврстува браната се смее во камерата, неговите раце покриени со јонска апсорпциона глина
— Можностите се само карма поставена одозгора
„Здраво, тука службата за повици за будење на 2710 метри надморска височина. Вашата сегашна географска локација е во Северната Хемисфера, а описот е овој: волнести облаци, бисерни поддувнувања на ветер и тиркизен свод.“ Звук на исклучен телефон. Техно. Електрични пулсирања.
Часовникот на еден дедо паѓа одеднаш
Неговите звучни бранови во воздухот можат да се почувствуваат овде под сонцето, како серија повратни земјотресни удари
(во истовреме песните на NIN одекнуваат низ просторот)
(130V m-1)
Непредвидливото однесувaње на океанот
го забрза циклусот на живот и смрт
20 секунди ќе бидат доволни за да се исчешлаат црните пердуви на бурата со фен за коса
37 минути за колабирање од внатрешноста
4 часа за бркање на Ден/Ноќ терминаторот низ кањони и пустини
20 години… „Нулирај ги твоите заплеткувања со пет 5 сканди и шест гуни и ќе се ослободиш од твојата претходна лаксана.“
Ти се спријатели со сонцето кое скокна од океанот во вид на кашал
И ја порази бојата на есента движејќи се нанапред
во вител од запад
Хартиените цветни брезови реси се како бели пламени сега: ја исплашија дури и овцата на ливадата
(167Vm-1)
Градот, како куп црни блокови на AutoCAD интерфејсот
Никој не верува дека може да биде стигнат од пламените во форма на морски зајачиња
Грмотевиците избледнуваа, а струењето на воздухот умре пред да ја допре земјата
— како што крвта се засирува во желатински капки пред да истече
Но тие залудно го трошат величенствениот оган: на печката, во дворот, надвор од куќарката… толку е меко и топло како што е панцирот по целото тело
Како тоа да го елиминирало целото атмосферско електрично поле пред да падне ноќта
П.С.
Денес тој мора да ги предаде своите финансиски извештаи: погледна низ прозорецот – пенестите облаци ги бришеа сметките кои беа во минус
Како универзумот во термографска или електромагнетна смисла, неговиот успех и самотија никогаш не се избалансираа
NIN – Nine Inch Nails е американска рок група чија музика опфаќа повеќе различни музички жанрови (синт поп, метал, електроника итн.) задржувајќи карактеристичен звук произведен со електрични инструменти (забел. на превед.)
Сканди (будистички) – пет променливи лични елементи на телото, перцепција, зачнување, волја и свест, чие привремено спојување го формира индивидуалното јас (забел. на превед.)
Гуна – една од трите основни квалитети или елементи на материјата според Санкиската философија (забел. на превед.)
Кашал – најголем забест кит
ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ НА МАКЕДОНСКИ: ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА/ TRANSLATION FROM ENGLISH INTO MACEDONIAN: DANIELA ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA).