ИЗРАЕЛ (IZRAEL)
ХАВА ПИНХАС КОЕН (HAVA PINHAS COHEN)
Хава Пинхас-Коен е израелска поетеса, предавач по книжевност и уметност, реализатор на работилници за пишување проза и поезија во Ерусалим. Уредник е на поетски и уметнички книги. Работи на својата докторска дисертација, основач е на списанието DIMOOY за Еврејска литература, уметност и култура во 1989 и до ден денес го уредува, основач и уметнички директор е на “Kissufim” конференцијата на Еврејските писатели и поети која по петти пат се одржа во 2019 год. Има објавено 12 поетски книги, една коавторска книга, а песните ѝ се преведувани на многу светски јазици и објавени во повеќе светски списанија и антологии. Во 2017 излегува нејзина книга на македонски. Пинхас-Коен е добитник на повеќе книжевни награди.
Препев: Елизабета Шелева
Translation into Macedonian: Elizabeta Sheleva
ИНТИМНОСТ
Таа ми упати таков поглед
Што ме проголта во нејзината зеница
Не постои ништо, што нѐ дели, не телото
Можеби душата. Таа создава умерена
атмосфера
Од мирисот на мојата пот, свежото млеко
и млекото потквасено
На нејзините усни во нејзините излачувања,
во мојата менструална крв
Ова е блискост, за кое нема објаснување, иако
Кратко постои во моето време
Таа го запира нишалото, што ме придружува
Во кругот на годината, што, за миг, се смрзна
Затоа есенските дни се како деновите на летото
и пролетта
Знакот за распознавање: мирисот на кисело
млеко врз мојата кошула.