ЕДИНСТВЕНИОТ СВЕДОК
За Рашид
Не е тоа купот од твоите љубовни писма
во кадифените гради на спомените;
Не е тоа ракатката со цвеќе и овошјата
што дома ги носиш навечер;
Ниту златната белегзија од 18 карати
што ми ја даде на венчавката;
Единствениот сведок на нашата чиста љубов,
е оваа бледа пластична канта тешка со ѓубре,
што ја носиш до долу од четврт кат, чекор по чекор,
одбивајќи ја помошта од моите поспани раце, секоја ноќ!
Farideh Hassanzadeh-Mostafi (Iran)
Фариде Хасанзаде-Мостафи (Иран)
Од World Poetry Almanac 2008, Уланбатар, Монголија
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
ITHACA 734
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.