Д-р Тземин Итион Тсаи e роден во Тајван, Република Кина. Тој е професор на Азискиот универзитет во Тајван и e главен уредник на академската публикација „Читање, пишување и поучување“, како и уредник на многу други меѓународни книжевни списанија. Тој исто така пишува и објавува статии во „Кинескиот јазик: месечно“ во Тајван. Многу познати светски поети, преку неговите преводи на кинески, ѝ станаа познати на читателската публика во Тајван.
Тсаи има освоено многу познати награди како во неговата родна земја така и во странство. Неговите литературни дела се објавени во антологии, книги и списанија како и весници во повеќе од 40 земји на повеќе од дванаесет јазици. Неговите позначајни дела се следниве: „Ангел со срце“, „Мој удар, удар, удар“, „Ветрот поминува низ бамбусовата шума“, „Огледалото на дното на срцето, магла полна со небо“, и др.
АКО СЕ УШТЕ САКАШ ДА ГИ ЧИТАШ МОИТЕ ПЕСНИ
Затвори ги очите
Ако сѐ уште сакаш да ги читаш моите песни
Нема солзи во нив, само ветер којшто е прелесен за да биде светлина
Нема да ги оддува солзите на твоето суво лице
Нема да ги оддува солзите на твоето суво лице
Задржи ги рацете
Ако сѐ уште сакаш да ги читаш моите песни
Нема понизни молитви во нив, само тон кој не може да биде полесен од толку
Никој не може да го сопре стегањето и отпуштањето во твоето срце
Никој не може да го сопре стегањето и отпуштањето во твоето срце
Напиши ги следните илјадници стихови
За да ја продолжиш романсата на оваа чаша вино
И дарежливо вети ми дека ќе ми посветиш два стиха од солзи.
Колку многу дрвја и цвеќиња има по патот,
Ќе ја купиш ли нашата љубов со два стиха од солзи?
Кога мразот во моите песни се исуши?
Нека оваа тага го запре пролетното ветре цели три дена
Нека оваа тага го запре пролетното ветре цели три дена
Отвори ги очите, ако не сакаш повеќе да ги читаш моите песни
Нема солзи во нив, само ветер кој е прелесен за да биде светлина.
Нема понизни молитви во нив, само нота која не може да биде полесна од толку.
Не дозволувај солзите да го уништат твоето лице
Не дозволувај некоја болка да се подигне и да се спушти во твоето срце
Нема потреба повеќе да му обрнувам внимание на ветерот во моите песни
Нема потреба повеќе да му обрнувам внимание на тонот во моите песни
ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ НА МАКЕДОНСКИ: ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА/ TRANSLATION FROM ENGLISH INTO MACEDONIAN: DANIELA ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA).