Автор на сликата: Александар Тасески – Џинго
ЖИВОТ
Даден од Бога,
животот,
потоа
е коцка во твоите
или во рацете
на судбината.
Или,
глина е,
сам,
или некој друг
што ја меси,
ја обликува
и ваја…
Само душата
е чучулига
која
далеку
од телото
лета!
Панде Манојлов