Елизабета Јончиќ
ОСАМА
Се воздигнав од Осамата
се извишив негде нагоре
лебдам
и гледам
како со подбив силно ја расчепкав
како ја гребам,
ја кубам,
и ја мачам
до срце да ја заболи.
(Осамата нема срце?)
Тоа негде во главата
замислено го направив,
да се охрабрам…
Велат преку рацете
нечисти
зараза во телото се внесува,
како тогаш јас се разболев
без ниеден допир
молежливо што го очекував?
Како ми се затру телото
и душата се затру со него,
со Осамата што ме измоли
со мене да другарува…