Автор на сликата: Александар Тасески-Џинго
ИНАЕТ
Гледам збунето
кон излезот од овој свет.
Се тркалам по желбите
на моите родители.
Овде зборуваат дека
љубовта е минлива,
сакам да верувам дека
почнала од мене.
Водам инает со сопствената
крв
за да запише подобра ДНК.
Не ѐ можам ништо на
староста
ме врти во нејзин правец
од коскиве калеми хумус.
Биљана Т. Димко