САУДИСКА АРАБИЈА (SAUDI ARABIA)
Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) (поет, преведувач од Катиф, Саудиска
Арабија) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA),
член на одборот за планирање на наставата за образование на наставаници на
националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Има преведено 5 книги,
а објавено една новела, 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е
преведена на француски, и една книга објавена на англиски („Bleeding Gull: Look, Feel,
Fly“), а е преведена на српски, виетнамски и италијански (во Италија доби повеќе
награди за најдобро преведена книга). Неговата поезија е преведена и објавена на
многу светски јазици.
Превод од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English to Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
СТАНДАРДНА ДЕВОЈКА
Девојката си игра со кукли
и измислува романтичен дијалог
кој како јорганот од приказните на нејзината баба
не е е по твој вкус
Тебе ти треба девојка која ужива
да им ги откинува главите на куклите
и да им ги крши нозете на играчките.
Кога се расправаш со неа за тоа како тече разговорот на нејзиниот фалсификуван уред,
оваа девојка не те гледа како големо дете
кое заслужува да биде разгалено,
како некој кој е изгубен и ја чувствува едноставноста на бојата.
Оваа девојка те гледа
како предизвик во оваа RPG 1 игра.
Оваа девојка може да те припитоми кога размислуваш нетрезвено.
Оваа девојка не носи ниту камшик ниту срп,
но може да ја носи твојата кожа насилно
откако ќе ужива дерејќи ја.
И уште ќе ја игра со тебе
играта со чај и кукли
за да го тестира твоето трпение
и ти кажува за нејзината потреба за шопинг
со спомнување на сите детали
и можни причини
во тоа точно определено време
и тој точно определен ден
за да ја мери твојата издржливост.
Биди подготвен да ѝ попуштиш
кога таа нема да има милост за тебе.
Но – –
Кога твојата девојка ќе заборави да го вкусува твоето тело,
замини си… и мисли само на змијата отровница.
1 RPG – Role Playing Game = игра на улоги (забел. на превед.)
Само змијата ја разбира есенцијата на жените.
Сите други бегаат затворајќи ги очите на вистината со клепките на какофонијата.
Избегни го пишувањето на непомирливата историја.
Препев од англиски на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation from English into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska