ТРИ ВАРИЈАЦИИ НА ТЕМА МИР И ГУЛАБ
I
Толку е голем мирот на еден гулаб
што стручњаците за мир велат дека
само еден гулаб би бил доволен
за да го рашири низ земјата сиот мир
што луѓето го бараат несвесно.
II
Толку се многу гулабите на мирот
што стручњаците за гулаби велат дека
само еден мир би бил потребен
за да ги привлече сите гулаби
кои безнадежно го бараат човекот.
III
Кога мирот би се облекол како гулаб
велат стручњаците за луѓе,
само еден мир би бил доволен
за да ѝ ги подари своите крилја на земјата
и од човекот да направи гулаб.
Rei Berroa, Dominican Republic/ USA
Реј Бероа, Доминиканска Република/ САД
Translated by Ana Alonso & Rei Berroa/ Превод на англиски: Ана Алонзо и Реј Бероа
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska-Trajkovska
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
From “Son palomas pensajeras”, Quetzaltenango, Guatemala: Metáfora, 2016
ITHACA 725
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 20 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.