Раед Анис Ал-Јиши (Raed Anis Al-JISHI) (поет, преведувач од Катиф, Саудиска Арабија) е дописен соработник на Универзитетот во Ајова, САД (Iowa university-USA), член на одборот за планирање на наставата за образование на наставаници на националниот Шангајски универзитет за образование – Тајван. Има преведено 5 книги, а објавено една новела, 9 поетски книги на арапски јазик од кои последната е преведена на француски, и една книга објавена на англиски („Bleeding Gull: Look, Feel, Fly“), а е преведена на српски, виетнамски и италијански (во Италија доби повеќе награди за најдобро преведена книга). Неговата поезија е преведена и објавена на многу светски јазици.
ТАЈНАТА НА НАБЉУДУВАЧОТ
Во очите твои една мала смртна тајна
Универзумот ќе се набрчка и распука
Како очите твои да проговориле од Животот
кој танцувачката го распрскува
на млечната патека
искршена
од твоите песни кои имаат моќ надвор од границите
надвор од дозволеното во љубовта
Од твојата насмевка
племето во мене се собира (хорски)
помеѓу твоите усни и веѓи
едно трепнување го разделува
Вибрирачките глави се повлекуваат на сигурно
како шолји кафе
испиени од љубовниците на некој сладок состанок
повикани од ветерот
во Нинива
ПРЕВОД ОД АНГЛИСКИ НА МАКЕДОНСКИ: ДАНИЕЛА АНДОНОВСКА-ТРАЈКОВСКА/ TRANSLATION FROM ENGLISH INTO MACEDONIAN: DANIELA ANDONOVSKA-TRAJKOVSKA).