ШИШЕ И ЧУМА
Сите денес
на улици,
на своите лица
носеа маски.
И секој
некаде брзаше
и никој
на никого
не рече “Добар ден”,
никој со никого
не се поздрави,
не си пушти
ниту рака
со гумени ракавици
на неа,
никој
ниту преку шал
не се прегрна…
“Чуму, ова?” –
праша старецот,
гледајќи ги луѓето
во чудо:
“Љубовта,
зборот е лек
и за чума!”
За да докаже
дека е така,
отиде во подрумот,
го изваде стариот
стогодишен билнак
за по којзнае кој пат
да прочита гласно
на народот
што беше запишано
на зачуваното стакло:
” И во шише
да се скриеш,
ако така ти е пишано,
лошото
и таму ќе те најде! “