Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ (БКК) во соработка со НУУБ ,Св. Климент Охридски” – Битола, осум дена ќе споделуваат поезија од осумте македонски поетеси – членови на БКК, а по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената. Поезијата ја споделуваме на уникатно дизајнирани картички со уметнички слики од ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак, посветени на жената. Графичкиот дизајн на картичките го изработи писателката Весна Мундишевска-Велјановска.
Категории: Активности, Новости
Сподели