СРБИЈА (SERBIA)
ОБРЕН РИСТИЌ (OBREN RISTIĆ)
Обрен Ристиќ (1960 г., Тијовац, Источна Србија). Застапуван е во антологии. Неговата поезија е преведена на англиски, полски, руски, македонски, ерменски, бугарски, рoмaнски, узбекистански, шпански, грчки и други јазици. Објавува во многу книжевни списанија во земјата и во странство. Добитник е на повеќе награди за книжевно творештво, меѓу кои: „Milan Rakić“ за 2010 г., „Zmaj Ognjeni Vuk“ за 2010 г., „Zlatna struna“ за 2011 г. и др. Тој е еден од основачите на Уметничката академија „Исток“ во Књажевац и главен и одговорен уредник на списанието „Исток“. Автор е на 10 книги поезија. Живее во Књажевац.
ПОСЛЕДЕН ДЕН
Буква Цртеж во песокта Во брановите – звук
Од далечна галаксија, од таинственост и мир
Во едно писмо минатото и идното е збир
А кому историјата ќе му биде доверена за наук
Спознание или насет, на сетилата им се крадне
Каков беше последниот ден, без страст
Ќе сведочи мојот роден крај кој од оваа убост
Блеска на хоризонтот и со него ќе срасне
Дали тој час ќе има стас и убавина како вулканот
Од утробата, сила како водата од длабините темни
Или нежното сонце на овој милен ден
Кон својот залез ќе ја објави вечноста на Отецот и Синот
Можеби каменот острошки со светлоста во зачетокот
Ни благовести. Или само зборот како на почетокот.
Препев од српски: Весна Мундишевска-Велјановска