Излезе новиот двоброј на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“ (бр. 21-22) во издаваштво на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ – Битола, а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Редакцијата на списанието е во состав: проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен и одговорен уредник), Милица Димитријовска Радевска и д-р Славица Гаџова Свидерска. На 245 страници, застапени се 71 македонски и странски автори (Кина, Велика Британија, Виетнам, Колумбија, Израел, Италија, Саудиска Арабија, Венецуела, Турција, Белгија, Албанија, Романија, Германија, Шведска, Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Индија, Бангладеш, Узбекистан).
Ова издание на списанието содржи квалитетни прилози поезија, проза и литературни осврти од познати и реномирани македонски и светски автори во четири рубрики и тоа: 1. Поезија: Зоран Анчевски, Борче Панов, Васил Тоциновски, Христо Петрески, Милица Димитријовска-Радевска, Весна Мундишевска-Велјановска, Никола Илијовски, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски, Петар Наневски, Гордана Стојаноска, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова, Панде Манојлов, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Игор Лозаноски, Адем Абдулаху, Даниела Андоновска-Трајковска, 2. Проза: Стефан Марковски, Владимир Костов, Петре Димовски, Никола Кочовски, Биљана Т. Димко, Љубинка Донева, 3. Согледби: Јованка Денкова, Винсент Вилчник, Сашо Огненовски, Јордан Стојаноски, Мирјана Стојановска, Елизабета Јончиќ, 4. Книжевен мозаик: Јин Шијаојан, Питер Робинсон, Кејт Бехренс, Маи Ван Фан, Фернандо Рендон, Хава Пинхас Коен, Данте Мафија, Клаудија Пичино, Назарио Пардини, Антје Стен, Сабрина де Канио, Раед Ал-Јиши, Мариела Кордеро, Месут Шенол, Агрон Шеле, Михај Фирика, Аура Кристи, Јон Јакоб, Љубица Рајчиќ, Елвира Кујовиќ, Шурук Хамуд, Наташа Џелили, Олга Лалиќ-Кровицка, Павол Јаник, Јасмин Ибрановиќ, Никола Поповиќ, Милан Ѓоргес Буровац, Обрен Ристиќ, Виктор Радун Теон, Елка Њаголова, Роза Бојанова, Иван Христов, Андонис Скиатас, Христос Кукис, Рудра Киншук, Шаменаз Шаик, Санкар Саркар, Вилијамсџи Мавели, Тарек Самин и Хосијат Рустемова.
Првиот број на списанието за книжевност, уметност и култура „Раст“ излезе во 2001 година, а нѐ радува фактот што тоа од година во година е сѐ побогато, пообемно и поконкурентно во национални рамки, но и во пошироко. Иако живееме во време на затвореност на физичкиот ентитет и физичка дистанца поради пандемијата, сепак остануваме духовно и културно отворени и тоа повеќе од кога и да е. „Раст“ оваа година нѐ поврзува со 23 земји од светот, а истовремено ни овозможува промоција на нашата книжевност во светски рамки – рече проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, главен и одговорен уредник на списанието.
Списанието ќе биде промовирано на 1.11.2020 година во 11 ч. во големата сала на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола во рамките на десеттата меѓународна книжевна манифестација „Битолски книжевни паметења“ со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19“ – изјави претседателката на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, Елизабета Јончиќ.