СМРТТА НА РИСОТ
- Рисот умира на свој начин
рисот умира на свој начин:
гледа во ѕвездите и заборава
дека и тие гледаат низ него.
се преобратува во простор
повисок од целата вселена.
таму гори заветен оган.
ригаат од ѕвездените окна
јазиците на апсолутниот змеј.
рисот е обратно небо
за кое не знаеме ништо
(Димоски, С. Ѓ. (2017). Смртта на рисот/ 1. Рисот умира на свој начин. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. З. Пејковски, П. Димовски и В. Мундишевска-Велјановска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 17, стр. 51)