БЕЗ МЕРАК
Без мерак те посвршија
Без мерак дочекуваш сватови
Без мерак некој друг кумува на трпеза
Без мерак постелата останува празна
Без мерак
Срцето намразува, се танчи радоста
Без мерак мерачат годините
Без мерак се врвчат пилците на скутникот
Без мерак жабуркаат бразди во очите
Без мерак се поткусува свеќата во кандилцето
Без мерак и телото се витка како змија на оган
Без мерак пресушија сите вренгии
Без мерак нема мерак за живеачка
И животот не е само прецената пљачка
И затоа не е на осуда
секој што разгорил оган
до живецот на пустошот
Што царува во срцето
И бара среќа
Среќа како преѓа за мерак
За нова живеачка.
(Радевска, М. (2020). Без мерак. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 21)