(НЕ)ВРЕМЕ
Ѕвончето од влезната врата
и модерната самоизолација
ја подголтнуваат рапсодијата
на својата самотија.
Балконот е парк
на сонуваното задоволство.
Во временските диференцијали
на вкрстениот оган
на превртливоста и пресметливоста
се истрошија сите креми со заштитни фактори
од бодликавите јазици на (не)човечкото зрачење.
Во напукнатото огледало на сушноста
достоинството крвари во фугите на послушноста.
Од тенџерето на неодлучноста
испарува здивот на присутноста.
Како никогаш досега грми тишината
на кондензираното молчење.
(Мундишевска-Велјановска, В. (2020). (Не)Време. Во Списание за книжевност, уметност и култура „Раст“, Уред. Д. Андоновска-Трајковска, М. Димитријовска Радевска и С. Гаџова Свидерска. Битола: Битолски книжевен круг, бр. 21-22, стр. 22)