ДА ГАЗАМ ПО ОГАН
Не се гледа светлина.
Гледам лево,
гледам десно.
Горе – долу
напред – назад.
Лево пламен,
треба да се помине
по пламен.
Десно оган,
ќе ми изгорат
нозете.
Проклет пекол?
Да поминем по пламенот
ќе изгорам
ќе добивам рани!
Да газам по оган
ќе ми изгорат
ткивата и мускулите!
Не ми е лесно!
Огновите се oгнови,
горат и пепелосуваат.
Не е лесен изборот
помеѓу два огна, помеѓу темнина и бездна.