МИНАТОВРЕМЕ
Кога бевме деца
старите луѓе беа на околу триесет години
вирот беше океан
смртта – обична и дури
не ни постоеше
подоцна кога бевме деца
старите луѓе беа во своите четириесетти
мочуриштето беше океан
смртта – само
збор
кога дојде време да се венчаме
старите луѓе беа во своите педесетти
езерото беше океан
смртта беше смрт
на другите
сега кога сме ветерани
се фативме во костец со вистината
океанот конечно е океан
но смртта почнува
да биде наша.
Mарио Бенедети, Уругвај (1920 – 2009)
Mario Benedetti, Uruguay (1920 – 2009)
Превод на англиски: Жермен Дрoгенброт
Превод на македонски: Даниела Андоновска-Трајковска
Translation Germain Droogenbroodt
de “Antología poética”, Alianza Editorial, Madrid
Translation into Macedonian: Daniela Andonovska Trajkovska
ITHACA 710
POINT Editions
Песната е дел од серијата песни „Песна на седмицата“ иницирана од Жермен Дрогенброт и списанието Point Editions во соработка со списанија и соработници кои преведуваат на над 30 јазици. Поезијата е во избор на Жермен Дрогенброт.