Катја Ерменкова
* * *
Поминаа 365 месечини
над мојата куќа.
Ми го позлатија дворот,
Ја посребрија крушата
ги осветија прозорците,
но мене ме немаше..
Јас бев заѕидана
во маката
и нижев бисерни солзи.
Поминаа 365 месечини
над мојата куќа.
Ми го позлатија креветот
ги посребрија чаршафите
легнаа на перницата
но мене ме немаше..
Јас бев во црквата
и се молев пред нозете
на Свети Ѓорѓи
да ја убие ламјата во мене.
Поминаа 365 месечини
над мојата куќа.
Ми ги позлатија чевлите
Ми ја посребрија облеката
Ни јас не бев таму.
Јас бев падната пред иконата
на Пресвета Богородица
и се молев да ми даде
мир или да ме
претвори во вештерка.
Поминаа 365 месечини
над мојата куќа.
Ми ја позлатија косата
ги посребрија моите гради
ги осветија усните,
но мене ме немаше.
Јас се молев пред нозете
на Господ да ми зборува или
да ме претвори во камен.
Превод од бугарски на македонски јазик:
Елизабета Јончиќ